Инаугурацијата на Трамп е најскапата во историјата! Ги сруши сите рекорди

Доналд Трамп се врати во Белата куќа, откако официјално стана 47-ми претседател на САД. Но, во јавноста остана да лебди прашањето – Кој ја финансираше инаугурацијата на Трамп? за која се шпекулира дека е најскапата во историјата, бидејќи ги и срушила сите досегашни рекорди.

 а овие три гиганти дадоа повеќе од милион долари

Кој ја финансира прославата?

Американските медиуми пишуваат дека Инаугуративниот комитет на Трамп собрал повеќе од 170 милиони долари, надминувајќи ги рекордите поставени од претходните претседатели. Меѓу најголемите донатори се технолошките компании како Google и Tesla, како и фармацевтскиот гигант Pfizer. Вкупно, најголемите донатори дадоа по повеќе од милион долари.

Маск потроши 250 милиони долари за да му помогне на Трамп

Трамп ја има поддршката и од најбогатиот човек на светот, Илон Маск, кој потроши повеќе од 250 милиони долари за да му помогне да биде избран. На инаугурацијата беа и други милијардери технолошки лидери кои сакаат да ја придобијат новата администрација, како што се Џеф Безос од Амазон, Марк Цукерберг од Мета, Сундар Пичаи од Alphabet и Тим Кук од Apple.

Укинување на климатските мерки на Бајден

Трамп најавува укинување на клучните климатски политики на администрацијата на Бајден, вклучително и поттикнување зелена енергија и регулирање на загадувањето. Планира да го зголеми производството на фосилни горива, да ги елиминира проектите на ветерните паркови и да ги намали субвенциите за електрични возила.

Повлекување од Парискиот климатски договор

Како и за време на неговиот прв мандат, Трамп планира повторно да ги повлече САД од овој договор, кој Бајден го обнови во 2021 година.

Залагањата на Доналд Трамп

– Продолжување на даночните олеснувања за физички лица и бизниси воведени во 2017 година;

– Дополнително намалување на даноците на претпријатијата од 21 отсто на 20 отсто и на 15 отсто за компаниите што произведуваат во САД;

– Стимулирање на производството на традиционални извори на енергија со цел намалување на цените;

– Елиминирање на даноците за бакшиш, прекувремена работа, социјални бенефиции;

– Дерегулација што значи олеснување на бизнисите, банките, зголемување на активноста на М&А итн. универзални тарифи од 10%, 60% тарифи насочени кон Кина;

– Смета дека е неправедно да се простуваат студентски кредити на оние кои веќе ги подмириле и дека тоа би било товар за даночните обврзници.

Дека Трамп не седи со скрстени раце сведочи и фактот што лансираше сопствена криптовалута

Зачлени се на нашиот е-билтен