Инстаграм ќе користи вештачка интелигенција за да утврди дали корисниците лажат за својата возраст: Децата повеќе нема да можат да ја измамат мрежата

Компанијата соопшти дека веќе некое време користи вештачка интелигенција за да ја одреди возраста на луѓето, но дека апликацијата за споделување фотографии и видеа сега „проактивно“ ќе пребарува сметки на тинејџери за кои се сомнева дека се тинејџери.

Социјалната мрежа Инстаграм почнува да тестира употреба на вештачка интелигенција (ВИ) за да утврди дали децата лажат за својата возраст на апликацијата, соопшти денес матичната компанија Мета Платформс.

Компанијата соопшти дека веќе некое време користи вештачка интелигенција за да ја одреди возраста на луѓето, но дека апликацијата за споделување фотографии и видеа сега „проактивно“ ќе пребарува сметки на тинејџери за кои се сомнева дека се тинејџери, дури и ако внеле погрешен датум на раѓање кога се регистрирале, објави АП.

Како што е најавено, доколку се утврди дека корисник на Инстаграм погрешно ја наведува својата возраст, сметката автоматски ќе стане тинејџерска, што има повеќе ограничувања од сметките за возрасни. Тинејџерските сметки се приватни по дифолт, а приватните пораки се ограничени, така што тинејџерите можат да примаат пораки само од луѓе што ги следат или со кои веќе се поврзани. Мета рече дека „чувствителната содржина“, како што се видеа од луѓе што се тепаат или оние што промовираат козметички процедури, ќе биде ограничена.

Тинејџерите исто така ќе добиваат известувања ако се на Инстаграм повеќе од 60 минути, а ќе биде овозможен и „режим на спиење“ што ги исклучува известувањата и испраќа автоматски одговори на директните пораки од 22:00 до 7:00 часот наутро. „Мета“ вели дека ја тренира својата вештачка интелигенција да бара сигнали, како што се видот на содржина со која комуницира сметката на лицето, информациите за профилот и кога е креирана сметката, за да ја утврди возраста на сопственикот.

Зголемените мерки доаѓаат во време кога компаниите за социјални медиуми се соочуваат со зголемен надзор врз тоа како нивната платформа влијае на менталното здравје на помладите корисници, а сè поголем број држави се обидуваат да донесат закони за проверка на возраста за корисниците на социјалните медиуми.

Инстаграм, исто така, ќе испраќа известувања до родителите „со информации за тоа како можат да разговараат со своите тинејџери за важноста од наведување на нивната точна возраст преку интернет“, соопшти компанијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен