Интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски пред пратениците

Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд

Собранието денеска треба да ја започне новата 59. седница на која како прва точка на дневниот ред е интерпелацијата за работата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, поднесена од пратеничката група на Европски фронт.

Пратеникот на Европскиот фронт, Илир Хасани тогаш на прес-конференција образложи дека интерпелацијата е поднесена за работата на Костадиновски врз основа на член 72, став 1 и став 2 од Уставот. Според Хасани, Костадиновски свесно го прекршил Законот за употреба на јазиците и членот 101 од Законот за Уставниот суд. 

– Сакам да нагласам дека оваа иницијатива нема за цел да изврши притисок врз Уставниот суд за разлика од другите претходни интерпелации кои беа јасно од политичка природа, туку има социјална и медиумско влијание. Нашата цел е да поведеме институционална дебата за фукционирањето на оваа институција и улогата на нејзиниот претседател во почитување на Уставот и постоечките закони, рече Хасани.

Според Хасани, Костадиновски има предрасуди кон албанскиот јазик. 

Претседателот на Собранието, Африм Гаши истакна дека на понеделничката координација со координаторите на пратеничките групи преовладувала перцепцијата дека не е добро Собранието да врши интерпелација на Претседател на Уставен суд. 

Ние се водевме по членот 72 од Уставот и 47 од Деловникот на Собранието каде се вели „интерпелација може да се покрене за секој носител на јавна функција“. Сега ние како Собрание мораме да го процесуираме тоа. Од друга страна зборуваме за судска власт и тоа остана тема која ќе ја видиме. Можеби некои од пратениците ќе бараат таа точка да се тргне од дневниот ред.

Зачлени се на нашиот е-билтен