Претседателката на државата денес треба да достави до Собранието предлог за нов гувернер на Народната банка, за кој, според најавите, ќе се одлучува утре на пленарна седница.
Петгодишниот мандат на сегашната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска, која стапи на должност на 22 мај 2018 година, завршува на 21 мај.
Но, денеска најверојатно нема да се дознае кој ќе биде предлогот на претседателката Гордана Силјановска Давкова за нов кандидат за гувернер на НБМ, односно тој нема да биде доставен до Собранието.
Според некои медиуми, Претседателката вчера имала средби и разговори со тројца најсериозни кандидати, и ќе и бидат потребни уште неколку дена, врз основа на направените интервјуа, за најдобро да го изгради својот став во врска со тоа прашање, по што ќе го достави својот предлог за нов гувернер до народните избраници.
Според Законот за Народна банка, доколку не се изгласа предлогот доставен од претседателот на државата до Собранието, актуелниот гувернер продолжува со извршување на функцијата, се до изборот на новиот гувернер.
Како најсериозни кандидати за позицијата, во јавноста се лиферуваат имињата на актуелната гувернерка Анита Ангеловска – Бежоска, екс министрите за финансии Зоран Ставревски и Трајко Славески, како и екс вицегувернерката Маја Кадиевска-Војновиќ.