Израелските министри наводно ги предупредија клучните европски држави дека секое признавање на палестинската држава би го поттикнале Израел да преземе еднострани мерки, меѓу кои и евентуална анексија на делови од Западен Брег, објави „Тајмс оф Израел“.
Израелскиот весник „Хаарец“објави дека министерот за стратешки прашања Рон Дермер лично ги предупредил францускиот и британскиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро и Дејвид Лами дека Израел би можел да одговори на признавањето на палестинската држава со анексија на Зоната Це на Западниот Брег и легализирање на недозволени населби.
Додека весникот „Израел Хајом“ наведе дека шефот на израелската дипломатија Гидеон Сар им пренел слична порака на колегите во Велика Британија, Франција и други земји, предупредувајќи дека потезите против Израел ќе бидат проследени со израелски мерки како што е проширување на суверенитетот врз населбите на Западниот Брег и делови од Јорданската долина.
На едностраните потези против Израел ќе биде одговорено со еднострани потези од страна на Израел, истакнал Сар.