Израелската армија соопшти дека ги таргетирала позициите на проиранското движење Хезболах во областа.
„Непријателски воени авиони извршија напади врз областа Вади Фара во северната долина Бека, од кои еден беше насочен кон камп за раселени Сиријци, при што загинаа 12 лица, а осум беа повредени“, додадоа либанските медиуми.
Нападите беа најсмртоносните откако минатата година беше склучен прекин на огнот со кој завршија борбите меѓу милитантната група Хезболах и Израел.
Безбедносен извор изјави дека петмина од загинатите се борци на Хезболах. Седуммина од загинатите се сириски државјани, кои често работат на земјоделските полиња во Бека.
Претходно денеска, израелскиот министер за одбрана Израел Кац рече дека нападите „се јасна порака до терористичката организација Хезболах, која планира да ја врати својата способност да го напаѓа Израел преку силите Радван“.