Израелската полиција приведе две лица во рамките на истрагата за наводни незаконски врски меѓу советниците на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Катар, јави ДПА.
Според извештаите на израелските медиуми, двајцата осомничени се високи советници на Нетанјаху.
Катар е еден од посредниците во индиректните преговори со палестинската вооружена група Хамас, но се смета и за нејзин поддржувач. Нема информации за повеќе детали за тоа што се случило. Во сила е забраната за објавување информации по судска наредба, соопшти полицијата. Израелските медиуми јавуваат дека во случајот ќе сведочи и Нетанјаху.
Истрагата за случајот се спроведува заедно со внатрешната разузнавачка служба Шин Бет.