Северна Кореја и овозможи на Русија да ги зголеми ракетните напади врз клучната цивилна инфраструктура во Украина и обезбеди повеќе од 20.000 контејнери муниција, според извештајот на Тимот за мониторинг на мултилатералните санкции, група составена од 11 членки на ОН.
Групата, формирана во октомври лани за да ги надгледува санкциите на ОН против Северна Кореја откако Русија и Кина го укинаа панелот на Советот за безбедност, исто така тврди дека Москва за возврат и помогнала на Северна Кореја да ги подобри перформансите на своите ракети со тоа што и обезбедувала податоци.
Дури девет милиони парчиња артилериска и ракетна муниција биле доставени од Северна Кореја во Русија со руски товарни бродови, како дел од воената соработка меѓу двете земји, што ги прекршило санкциите на ОН, според извештајот.
Во догледна иднина, Северна Кореја и Русија имаат намера да ја продолжат и дополнително да ја продлабочат својата воена соработка, што е спротивно на релевантните резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации, се наведува во првиот извештај на групата.
Групата, во која се вклучени САД, Јужна Кореја, Јапонија и осум други членки на ОН, е формирана откако Русија стави вето на обновувањето на мандатот на панелот на ОН кој веќе 15 години спроведува санкции поради нуклеарните и ракетните програми на Северна Кореја.