Јани Макрадули: Мицкоски се подготвува и за локални и за предвремени парламентарни избори

Според Јани Макрадули од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски се подготвува и за локални и за предвремени парламентарни избори.

„Нема да се случат само локални избори, туку ќе се случат и предвремени парламентарни избори. Превирањата во Владата, не само во ВРЕДИ, бидејќи пред некое време и претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на партијата ЗНАМ, си поделија „негативни комплименти“, покажув дека ситуацијата на теренот на е за фалење. Поради состојбата во државата, ВМРО-ДПМНЕ, најверојатно разврската ќе ја побара во предвемени парламентарни избори“, вели Макрадули во интервју на Канал 5 ТВ.

Макрадули смета дека на овој начин ВМРО ДПМНЕ, ќе купи уште четири години.

„Ако сега се случат предвремени парламентарни избори тогаш следните избори, сите и локалните и парламентарните и претседателските избори би биле после четири години и тоа би прв случај кога една влада би имала четиригодишен чист мандат. Заради законите во државата за спречување на корупција, доколу се распишат изборите, некои активности нема да можат да се прават, како на пример јавни набавки, инвестиции, пуштање на патишта, па на тој начин практично рацете ќе им бидат врзани. Затоа во изминативе два дена гледам поголем број на нови огласи во јавниот печат. На пример само УЈП има распишано оглас за 21 човек, потоа Министерството за енергетика ќе вработува 6 извршители. Има огласи и од други министерства. Очигледно е власта почна да го подготува теренот. Пред да се случи трагедијата, Владата распиша еден повик за приватно обезбедување на владини објекти. Ова значи дека тие ќе бидат активни на теренот и за време на кампањите и на митинзите на власта. Распишан е и повик за систем за озвучување, што на некој начин ќе биде поддршка за покривање на медиумскиот дел од кампањата. Ова се тие сигнали дека ВМРО-ДПМНЕ се подготуваа за избори. Да се послужам со изразот на премиерот, ова е таа „робусна акција“ за локалните избори. Таа им беше и целта пред трагедијата во Кочани. На овој начин сакаа да ја унштата опозицијата. Но, во последните два дена целата поддршка што Вреди ја имаше од премиерот кој им даде шанса, (бидејќи иако немаат иста идеолошка матрица, имаа заеднички противник), ја злоупотребија. Тоа им создаде нервоза и сега бараат решение“, рече Макрадули.

н

Зачлени се на нашиот е-билтен