Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јавна расправа за подобрување на законската регулатива за поголема безбедност во сообраќајот

Заострување на казнената политика, подигање на јавната свест и на нивото на превенција се дел од предлозите што произлегоа од јавната расправа во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на тема „Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста на сообраќајот“.

Во јавната расправа, покрај пратеници, учествуваа и претставници на МВР и на Министерството за правда,  универзитетски професори, претставници од правосудството во земјава  и од невладиниот сектор.  Тие во своите дискусии истакнаа дека се потребни законски интервенции кои ќе обезбедат поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Според податоци на МВР, само минатата година се регистрирани 19 илјади сообраќајни прекршоци од возачи кои никогаш не положиле возачки испит и не се стекнале со возачка дозвола. Тој истакна дека е неопходно да се воспостави систем на казнивост, кој ќе функционира доследно и кoнтинуирано и ќе важи подеднакво за сите.

Учесниците во расправата посочија дека се потребни ефикасни законски решенија, со цел намалување на бројот на сообраќајни несреќи и на последиците од нив. Филков сугерира и проширување на листата на кривични дела против безбедноста во сообраќајот.

Во дискусијата се вклучи и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски, кој истакна дека е потребно подигање на јавната свест на сите учесници во сообраќајот, заострување на казнената политика и преквалификација на тешки сообраќајни прекршоци во кривични дела.

Учесниците во јавната  расправа апелираа и за пoголема едукција на децата за безбедност во сообраќајот, за подобрување на сообраќајната сигнализација и на патната инфраструктура. Се дебатираше и за имплементацијата на системот „Безбеден град“, како и за психијатриско-психолошките аспекти кои треба да се имаат превид при градењето систем за поголема безбедност во сообраќајот.

Зачлени се на нашиот е-билтен