еменските бунтовници Хути ја презедоа одговорноста за ракетниот напад врз израелскиот аеродром „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив, пренесоа агенциите, повикувајќи се на телевизиско обраќање на портпаролот на вооружената група, Јахја Сарија.
Во обраќањето Хутите посочија дека „го нападнале аеродромот Бен Гурион со хиперсонична балистичка ракета која успешно ја погодила својата цел“.
Сарија го повтори предупредувањето на групата до авиокомпаниите дека израелскиот аеродром „веќе не е безбеден за воздушен сообраќај“.
Тој рече дека нападот ја демонстрира „неспособноста на американските и израелските системи да ја пресретнат“ ракетата. Како резултат на нападот, операциите на најголемиот меѓународен аеродром во Израел „целосно прекинаа со работа повеќе од еден час“.
Претходно Израелските одбранбени сили соопштија дека остатоци од ракета испукана од јеменска територија против Израел се пронајдени во областа на аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив.
Од своја страна, израелскиот министер за одбрана Израел Кац се закани дека неговата земја ќе одговори „седум пати посилно“ на нападот.