Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кадарот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска не сака повеќе да биде мајка на Скопје

Актуелната градоначалничка на Скопје,Данела Арсовска, денеска се произнесе дека на претстојните локални избори нема да се кандидира за позицијата прв човек на главниот град.

„Апсолутно не размислувам за нов мандат“, одговори на новинарско прашање, со што ги отфрли сите можности повторно да влезе во трката за општинска власт. Одлуката ја образложи со тоа што политичките партии наметнале „поларизирана атмосфера“ и затоа не заслужувале соработка со луѓе кои сакале да донесат позитивни промени.

Таа обвини, дека ако некој не „игра“ по нивно, тогаш се соочува со блокади и саботажи од страна на градскиот совет, а на тој начин вели одбива да работи.

„Јас кога се кандидирав за градоначалник ја имав поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, која за жал не успеа да се надмине себеси, односно неговото раководство, суетите се преголеми да му дозволите некому да работи без да му кажувате што и како да прави и благодарам, со такви луѓе и од луѓе кои што знаат само да саботираат и да блокираат не би сакала никогаш повеќе да работам“, рече градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Арсовска својата одлука ја објави при претставувањето на новите шест автобуси на ЈСП донирани до Европската унија.

Зачлени се на нашиот е-билтен