Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Каде е Груби? Соседите и по две недели не пријавиле дека имаат гостин бегалец

„Имаме комуникација со сите соседни држави и одлична е соработката со нивните министерства за внатрешни работи и досега официјална потврда не е доставено до македонското МВР“, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за ТВ Телма, одговорајќи на прашањето со која соседна држава МВР е во контакт, откако Изет Меџити излезе со тврдење дека Артан Груби е во  Албанија.

„Во однос на тоа каде е господинот што го посочивте, (Груби) сакам да верувам дека она што се обзнани во јавноста , ека ќе врати затоа што е чист како солза и овие основани соменија не се така како што ги толкува МВР и обвинителството. Сакам да верувам дека таа изјава е во насока на некои приватни обврски, рече Тошковски за ТВ Телма одговорајќи на прашањето кои колеги муи се на „цервена линија“ од Албанија, Косово или некоја трета земја во потрагата по Артана Груби.

За бегството на Груби, Тошковски повторно напомена дека тоа е кардинална грешка на полицискиот службеник.

„Дали станува збор на организација на повеќе лица која му овозможила на предметното лице да ја напушти државата, дали истото е инволвирано во незаконити дејствија, за тоа ќе оставиме обвинителството да ја затвори истрагата која што ја отвори, која е во фаза на собирање на докази. Да оставиме да видиме што точно ќе утврди јавниот обвинител во рамки на оваа истражна постапка. Но, тврдам дека најмалку што сторил полицискиот службеник според одредбите на КЗ е „несовесно работење во службата“, рече Тошковски.

Зачлени се на нашиот е-билтен