Кафето кај Германиците никогаш не било поскапо: Секој веќе не може да си го дозволи

Цената на кафето во Германија е се поголема и повисока, а овој тренд особено ги погодува љубителите на црниот пијалок.

Според податоците на германската агенција dpa, потрошувачките цени на зрната кафе во април се зголемиле за повеќе од 12 отсто во однос на истиот месец лани.

Тој скок далеку го надминува просечниот пораст на цените на храната, кој изнесува 2,8 отсто, како и општата инфлација која во април достигна 2,1 отсто, објави Сојузниот завод за статистика на Германија.

Гледано на среден рок, потрошувачките цени на кафето во април се за речиси една третина повисоки од истиот месец од 2021 година. Овој раст е во согласност со растот на цените на храната воопшто, но сепак е повисок од вкупната инфлација.

Главна причина за поскапувањето е значителното поскапување на суровото кафе при увоз, поради лошата реколта предизвикана од екстремните временски услови. Увозните цени на сировото кафе во април беа за 53 отсто повисоки од претходната година

Кафето без кофеин и печеното кафе поскапеа за 35,8 отсто во споредба со април 2024 година.

Интересно е што и покрај поскапувањето, се зголемува увозот на кафе во Германија. Во 2024 година увезено е повеќе од 14 отсто повеќе кафе во споредба со 2023 година.

Долгорочно, обемот на увозот е зголемен за речиси 8 проценти во однос на 2015 година. Најмногу кафе доаѓа од Бразил, а потоа следат Виетнам и Хондурас.

Зачлени се на нашиот е-билтен