Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Каја Шукова: Редно време е власта да почне да се однесува како власт, а не како опозиција и да одговара за бегствата

За бегството на Артан Груби одговорноста треба да си ја сноси МВР и Тошковски. Редно време е власта да почне да се однесува како власт, а не како опозиција и за сите пропусти кои им се случуваат да обвинува некој друг., рече потпреседателката на СДСМ, Каја Шукова, во дебатната емисија „Анализа” на 24 телевизија.

-Ова не е прв случај и летото имаше случај на бегство преку границата. Затоа тука е МВР да подигне кривична пријава, судската власт, извршната власт. За бегството одговорноста треба да си ја сноси МВР’, рече Шукова.

Таа се осврна и на партизацијата во институциите, велејќи дека секој би бил среќен ако новата влада работи на принципи кои ги очекуваа сите граѓани, да се бори за правда, за намалување на корупцијата и криминалот, меѓутоа, деновиве јавноста на големо бруи за партизацијата која ја спроведува оваа власт во ситеинституции.

-Еве да го земеме предвид сè уште нерасчистениот пример за директорот на АНБ, Бојан Христовски. Потоа имаме членови на судски совети кои доаѓаат од редовите на ДПМНЕ. Еден случај ја бранува јавноста неколку недели, и на јавноста не и се дава одговор зошто некој кој ги нема документите, а на таква висока позиција. Граѓаните не го добиваат она што се надеваа а гледаме силна партизација во клучните сектори, рече потпреседателката на СДСМ, Каја Шукова.

Зачлени се на нашиот е-билтен