Москва со објавеното велигденско примирје се обиде само да добие време, без вистински прекин на огнот, оцени шефицата на европската дипломатија Каиа Калас во интервју за Франс Прес, пренесува БТА.
„Тие не го почитуваа примирјето. Јасно е дека Русија игра игри, сака да добие време и не сака вистински мир“, рече Калас.
Таа нагласи дека САД имаат средства да извршат вистински притисок врз Русија во преговорите.
„Зошто не ги користат сите можности за навистина да ја завршат оваа војна?“, праша Калас.