Калас: Трговскиот договор на ЕУ со Израел ќе биде преиспитан поради ситуацијата во Газа

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Каја Калас, денеска изјави дека трговскиот договор на ЕУ со Израел ќе биде преиспитан поради „катастрофалната“ ситуација во Газа.
Калас рече дека огромното мнозинство од министрите за надворешни работи на ЕУ што се состанаа во Брисел ја поддржаа ревизијата на договорот за асоцијација на блокот со Израел поради настаните во Газа.
„Ситуацијата во Газа е катастрофална. Помошта што Израел дозволи да влезе е, секако, добредојдена, но е капка во морето. Помошта мора да дојде веднаш, без пречки и во големи количини, бидејќи тоа е она што е потребно“, изјави Калас .

Зачлени се на нашиот е-билтен