Камбовски: Казните за вакви дела не се мали, туку треба да се анализира праксата на судовите, дали често досудуваат минимални казни или не

По неколкудневните протести, откако смртно настрада Фросина Кулакова од Неготино, која беше прегазена на пешачкио премин на „Партизанска“, а за возачот се откри дека бил осудуван за различни дела, но и упатен во казнено-поправен дом, претседателот на судскиот совет Александар Камбовски вели дека имаме поголем општествен проблем, каде сите треба да се прашааме како се однесуваме. 

Александар Камбовски претседателот на Судскиот совет прашан за одлуката на судијката Даниела Алексовска Михајловска во врска со случајот со Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова вели дека ќе се разгледува случајот и ако има пропусти ќе има санкции.

Камбовиски вели дека би требало да се разговара и со судијката и да се види кои се фактите во случајот, но дека сето тоа би одело во некоја предвидена процедура. Судскиот совет будно следи, но Камбосдки вели дека тоа не значи дека ќе отвора или дека нема да отворат постапка против судијката. 

-Ова не е проблем само на благи казни и постапување на судот, туку на целото општество. Треба да размислиме што можеме да направиме за да не се случува во иднина, рече судијата.

На прашањето дали казните за вакви дела се прениски, тој вели дека не смета дека се прениски, туку треба да се анализира праксата на судовите, дали често досудуваат минимални казни или не.

Зачлени се на нашиот е-билтен