Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Каранфилова Пановска: Меѓуетничките тензии се опасни и бараат сериозен дијалог

Играњето на каратата на меѓуетничките тензии за да се креира криза сакајќи да ги избегнете или да дефокусирате од она што се во моментот актуелни проблеми или за кои што можеби немате одговор е многу опасна работа. Тоа е играње со оган и во тој контекст сакам да кажам дека СДСМ бара сериозен дијалог и заедништво, низ којшто процес сите актери без исклучок ќе излезат и ќе кажат, ние сме за мир и стабилност, вели заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска.

Во интервју за „Клик плус“ на Телевизија 21, таа посочува дека одбивањето на премиерот Христијан Мицкоски да прифати лидерка средба е неодоговрно кон државата и кон ситуацијата.

Каранфилова Пановска нагласува дека случувањата во изминатите неколку денови, со изблици на насилство, дивеење и сквернавење на нашето државно знаме, практично значи пдгревање на етнички тензии и воопшто не треба да се третираат на еден банален начин и со една површност, туку бараат сериозна анагажираност од сите политички актери.

Зачлени се на нашиот е-билтен