Папата Франциск добро реагира на лекувањето за пневмонија, но треба повторно да се навикне да зборува, изјави денеска кардиналот Виктор Мануел Фернандез, цитиран од италијанските медиуми.
Кардиналот рече дека враќањето на Франциск за Велигден „зависи од лекарите“.
„Папата се снаоѓа многу добро. Тој мора повторно да се навикне да зборува, но неговото тело е добро, како што беше порано“, рече тој.
Осумдесет и осумгодишниот поглавар на Римокатоличката црква е хоспитализиран во болницата „Џемели“ во Рим од 14 февруари, откако му беше дијагностицирана двојна пневмонија.