Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Касами: Подготвени сме да разговараме за пакет уставни измени, во кои наместо наследството од претходниот систем ќе рефлектира ориентацијата на државата кон ЕУ

Градоначалникот на Тетово и претседател на партијата Движење Беса, Билал Касами денеска истакна дека поддржува секакви промени на Уставот, со кои ќе се менуваат државните симболи поврзани со минатиот општествено-политички систем.

Според него, се поддржуваат промени на Уставот, со кои би се рефлектирала сегашната реалност на државата.

Во објавениот повик за давање предлози за нови имиња на улиците во Тетово нема предвидено можност да се истакне кои називи да не се менуваат, забележаа новинарите, а Касами рече дека таква прилика ќе има.

По завршување на овој јавен повик ќе има јавна дебата, најави тој, каде што граѓаните ќе можат да дојдат и да ги дадат своите предлози за постојните имиња и за нови имиња.

Зачлени се на нашиот е-билтен