Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Касами: Се договоривмеда издвоиме 40.000 евра од општинскиот буџет за албанската академија

Општина Тетово ќе одвои 40.000 евра за таканаречената албанска академија на науките и со тоа е прва од четирите општини со кои раководат градоначалници од владејачката Вреди кои финансиски ќе го помогнат функционирањето на паралелната институција. Ова вчера во изјава за медиуми го најави тетовскиот градоначалник Билал Касами и еден од предводниците на Вреди.

-Врз основа на прелиминарен договор меѓу академијата и четирите општини кои ја презедоа одговорноста за финансирање, се договоривме општина Тетово да ја поддржи со околу 40.000 евра -изјави Касами.

Финансирање на албанската академија најавија и градоначалниците на Чаир, Гостивар и на Желино, но досега не објавија колку пари ќе одвојат од општинските буџети.

Против паралелна академија се изјаснија владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, опозициските СДСМ и ДУИ како и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Академијата нагласува дека во Македонија, како и во земјите од регионот и насекаде во светот, постои само една национална академија која ја претставува државата во европската и во други меѓународни асоцијации на академии.

Поддршка за албанска академија на науките и уметностите следи откако четирите лидери на Вреди Касами, Изет Меџити, Арбен Таравари и Зеќирие Ибрахими одржаа две средби со „Академското здружение за наука и уметност на Албанците“.

Зачлени се на нашиот е-билтен