Касаноф: Поддршката за борбата против корупцијата, САД ја сфаќаат многу сериозно

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Александар Касаноф, по средбата во Владата со премиерот Мицкоски, рече дека во моментов не може да коментира детали за проширувањето на црната листа, но нагласи дека тоа е нивен приоритет.

„Сакам да подвлечам дека нашата поддршка за борбата против корупција е нешто што ние го сфаќаме многу сериозно во САД и нешто со што се справуваме на неколку начини тука во Северна Македонија. Имаме неколку програми кои што ги користиме за да можеме да ги поддржиме напорите за борба против корупцијата. Што се однесува до црната листа или санкциите, не можам да коментирам за детали во моментов, но можам да ве уверам дека тоа е наш приоритет и е нешто на што работиме“, рече Касаноф.

Во врска со поддршката на САД за земјава и доаѓањето на новиот претседател Доналд Трамп во јануари, Касаноф во одговор на новинарско прашање рече дека не може да зборува за новата администрација која што треба да дојде, но, потенцираше дека во преостанатите месеци до крајот на администрацијата на Бајден, САД ќе продолжи да ги вложува своите напори за тековните реформи во земјава.

„Несоодветно е за мене да зборувам за новата администрација која што треба да дојде, тоа зависи од нив, но она што можам да ви го кажам е дека во преостанатите месеци до крајот на администрацијата на Бајден, ние ќе продолжиме да ги вложуваме нашите напори и политики што се однесуваат до Северна Македонија, да ги поддржуваме реформите за тековните реформи на Северна Македонија за нејзиниот пат кон ЕУ“, рече Касаноф.

Зачлени се на нашиот е-билтен