Од утрово во јужниот дел на Атина се забележани високи концентрации на прашина од Сахара, што создава густа магла.
Затоа видливоста е ограничена во тој дел од грчката престолнина.
Прашината донесена од ветрот од Сахара покри и други области од регионот на Атика, како што претходно предупредија метеоролозите.
Во Грција сахарска прашина се појавува во просек 13 дена во годината, а понекогаш може да има и до 20 такви денови во годината.
Зголемувањето на честичките во атмосферата може да ги влоши респираторните заболувања како што се астма, бронхитис и алергии, предупреди Грчкото здружение за белодробни заболувања.