Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кавга меѓу Меџити и Витина за 6. еколошки автобуси кои допрва треба да возат по скопските улици

Министерот за животна средина Изет Меџити денеска се пофали дека со помош на Европската Унија се обезбедени 6 еколошки автобуси и дека тие во текот на оваа недела ќе бидат донирани на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје.

“Сакам со вас да ја споделам веста дека како Министерство за животна средина и просторно планирање и со донација од Европската Унија, обезбедивме 6 еколошки автобуси и во текот на наредната недела истите ќе ги донираме на ЈСП Скопје”, рече Изет Меџити – министер за животна средина.

На ваквите тврдења на Меџити, реагираше независната советничка на Град Скопје, Ирена Витина, која потенцира дека министерот Меџити нема никаков придонес во обезбедувањето на еколошките автобуси.

„Шесте еколошки автобуси се резултат на проектот на кој Град Скопје аплицираше до ЕУ, на кој веќе 2 години активно работи секторот за меѓународна соработка, а набавката ја реализира УНОПС“, рече Витина.

Зачлени се на нашиот е-билтен