Сличноста е очигледна, и Груевски и Груби, преку македонската граница, се пренесени со дипломатски автомобили. Во првиот случај, помогнал унгарски дипломат, во вториот косовски. И толку. Груевски пие кафе во Унгарија, Груби во Косово. Во бегство е и директорот на „Македонска лотарија“, Перпарим Бајрами.
Новинарите, веќе почнаа да добиваат информации од адвокатите на бегалците. Адвокатот на Груби, Владимир Доневски за сега, не е достапен за меидумите, а адвокатот пак, на Бајрами, Антонио Апостолски вели дека негвиот клиент, работи во друга држава. Така беше и во случајот со екс премиерот Никола Груевски.
И додека Груби и Бајрами се недостапни за институциите, почесниот конзул на Косово во земјава, Арсим Папранику фбил на распит во полициска станица, Карпош.
„Во ПС Карпош на информативен разговор беше почесниот конзул на Косово во земјава, Арсим Папранику, од МВР ја потврдија информацијата. Полицијата испитува како Папранику го превезол екс вицепремиерот Артан Груби преку граница. Прашањето кое се отвора е дали Папранику бил свесен дека Груби се бара за сторено кривично дело.“
Организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, вели дека власта го пуштила Груби да замине.
„Според информации со кои располагаме и ги добивме од свиркачи, МВР имала поставено полициска контрола на кружниот тек пред Блаце на денот кога Груби ја напуштил државата. Контролата била таму најмалку три дена пред настанот. Ова јасно укажува дека тие се сомневале дека може да избега. Но според нашите информации, самата полициска контрола, мобилната единица на МВР, не знаеле кого треба да очекува или кога треба да стопира. Тие добиле информација дури откако Груби ја напуштил државата. Ова јасно потврдува две можни сценарија: Или биле целосно неспособни да го спречат, или пак второ и поверојатно, намерно не го спречиле.“
Обвинителството, ги сомничи Груби и Бајрами за доделување на законски лиценци за онлајн коцкарниците за злоупотреба на службена положба и штета на буџетот од осум милиони евра.. Груби во неделата ја напушти земјава, а на социјалните мрежи напиша дека е во Косово и нема намера да бега, но веќе државата го смета за бегалец бидејќи не се врати во земјава.