Пекинг сака да привлече странски инвестиции во услови на засилени геополитички тензии, бидејќи креаторите на политиката се обидуваат да ја зајакнат домашната потрошувачка во забавената економија за да го неутрализираат влијанието на американските царини.
Кина се обиде да ги увери шефовите на странските корпорации за деловниот потенцијал на земјата кога вицепремиерот Хе Лајфнг се сретна со шефовите на Apple, Pfizer, Mastercard, Cargill и други во неделата.
Тој, исто така, се состана со фармацевтската фирма Eli Lilly, компанија за медицински уреди Medtronic и производител на специјализирани стакла Corning се вели во соопштението на Министерството за трговија.
„Кина ќе продолжи да го подобрува деловното опкружување и ќе поздрави повеќе инвестиции од мултинационални компании во Кина, споделувајќи можности за развој“, им рече тој на деловните лидери, опишувајќи ја кинеската економија како „многу отпорна“ и „полна со виталност“.