Кинеската нафтена компанија CNOOC објави дека во источниот дел на Јужното Кинеско Море е откриено големо нафтено поле со докажани резерви од над 100 милиони тони.
Полето, идентификувано како Хуижоу 19-6, се наоѓа на околу 170 километри од градот Шенжен, објави новинската агенција Ксинхуа.
Со пробното дупчење е постигнато дневно производство од 413 барели сурова нафта и 68.000 кубни метри природен гас, соопшти CNOOC.
Извршниот директор на државниот нафтен гигант, Џоу Ксинхуаи, го поздрави откритието во источниот дел на Јужното Кинеско Море, додавајќи дека CNOOC открил „нафтено поле од 100 милиони тони“.
Годишната седница на Националниот народен конгрес на Кина во Пекинг.
Кинеско-филипински конфликт во Јужното Кинеско Море
Пекинг верува дека има суверенитет над речиси целото море, додека Филипините, Малезија, Виетнам, Индонезија и Брунеи исто така веруваат дека го имаат тоа право.
И покрај откривањето на тоа нафтено поле, Кина останува најголемиот увозник на сурова нафта во светот, со производство на околу 11,1 милиони барели дневно минатата година, според анализата на американската влада.