Кладилниците „горат“ поради изборот на новиот папа: Облозите ги надминаа дури и Лигата на Европа

Досега, во обложувалниците се инвестирани 50 пати повеќе пари кога станува збор за избор на нов папа отколку за време на претходната конклава во 2013 година, кога покојниот папа Франциск беше избран за поглавар на Римокатоличката црква.


Портпаролот на британската обложувалница Вилијам Хил изјави дека тоа е „најактивниот“ пазар за обложување кое не е поврзано со спорт, пренесува BFM.

Според Сем Итон, директор на „Одшекер“ за Велика Британија, облозите за Папата ги надминаа оние за Лигата на Европа и Шампионатот за возачи во Формула 1 во последните недели.

Според различни платформи, Италијанецот Пјетро Паролин е голем фаворит, пред Филипинецот Луис Антонио Тагле, додека кардиналите Питер Турксон, Матео Купи и Пјербатиста Пикабала се зад нив.

Конклавата за избор на нов папа започнува денес во Ватикан.

Зачлени се на нашиот е-билтен