Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Коалицијата „Твоја Македонија“ се консолидира во пресрет на локалните избори

ЕПА

ВМРО-ДПМНЕ во моментов работи на мобилизирање во сопствените внатрешни структури, се одржуваат состаноци со општинските комитети, вчера имало состанок со тој во Карпош, денеска во Ѓорѓе Петров, утре во Кисела Вода… Овој месец се планирани средби со поширскиот партиски состав, месните комитети, координатори на избирачки места, унија на жени, на млади. Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски денеска на брифинг со новинари она што го прават од овој месец па натаму во пресрет на локалните избори наесен е пред се консолидирање на коалицијата „Твоја Македонија“.

Тој одговарајќи на новинарско прашање за коалицирање со Вреди за престојните локални избори, истакна дека очекува процес на консолидација на коалицијата “Твоја Македонија“ да заврши до април или мај, а како што најави во меѓувреме ќе разговараат и со нивните партнери во Владата, Вреди и ЗНАМ за соработката на престојните локални избори. 

Зачлени се на нашиот е-билтен