Идната германска влада ќе обезбеди „целосна поддршка на Украина на воен и политички фронт“ во борбата против руската агресија, се наведува во текстот на коалицискиот договор меѓу конзервативците на Фридрих Мерц и социјалдемократите, претставен денеска.
„На Украина и се дава целосна поддршка за да може ефикасно да се бори против рускиот агресор и да биде силна во преговорите насочени кон постигнување решение на конфликтот“, се вели во текстот на документот за кој се преговараше последните недели.
Новиот кандидат за канцелар Фридрих Мерц изјави за новинарите дека Русија не покажува знаци на подготвеност да ја прекине војната против Украина и покрај различните повици за прекин на огнот.
„Ние стоиме цврсто со Украина во нејзината борба за слобода и ќе продолжиме да ја поддржуваме се додека е потребно, преку воена, дипломатска, економска и хуманитарна помош, бидејќи руската агресија врз Украина, исто така, ја загрозува нашата безбедност“, се наведува во документот на коалицијата.
Идната германска влада бара праведен мир кој ќе биде постигнат преку преговори со Украина, не без него, соопштено е.