Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Колева: Додека животниот стандарт паѓа, богатите елити блиски до власта испумпуваат милиони евра од државата

Претседателката на Форумот на жените на СДСМ.Даниела Колева, ги осуди погрешните политики на актуелната власт, бидејќи ги загрозуваат темелите на социјалната правда во општеството. Според Колева, за само неколку месеци ‘сведоци сме на економско осоромашување, зголемување на јазот помеѓу богатите и оние кои немаат доволно, но сведоци сме и на груба партизација на институциите, непотизам, неправди и тотална маргинализација на ранливите граѓани’.

„Нема социјална правда кога животниот стандард на граѓаните и на работниците драстично се влошува а богатите елити блиски до власта испумпуваат милиони евра. Со оргомните поскапувања секојдневието на граѓаните е сведено на борба за опстанок. Две минимални плати, веќе не се доволни за покривање на основните потреби. А власта одбива да ја покачи минималната плата на 500 евра“, рече Колева.

Таа посочи дека намалувањето на животниот стандард на граѓаните драстично влијае на квалитетот на живот но и на намалување на можностите за граѓаните и дека СДСМе против ваквите погрешни политики.

„Нема социјална правда кога царува непотизам во власта и кога роднини и пријатели на функцонерите на ВМРО-ДПМНЕ ги окупираат најдобрите места додека нема простор ниту шанса за младите. Нема социјална правда со уништување на образовниот процес и укинување на критичното мислење.

„Денес, на Светскиот ден за социјална правда, испраќаме јасна порака –дека СДСМ ќе ја продолжи борбата за праведно општество, за еднакви можности и за достоинствен живот за сите граѓани и јавно ќе се спротивстави на политиките на власта кои ја загрозуваат. Социјалната правда не е апстрактен поим. Таа значи фер можности за сите, без разлика на економската или социјалната позадина. Значи секое дете да има пристап до квалитетно образование, секоја жена да има еднакви шанси на работното место, секој работник да биде праведно платен и заштитен. Социјалната правда значи да нема дискриминација, да нема експлоатација, да нема оставени на маргините на општеството“, рече Колева.

Колева потенцираше и дека токму затоа и како Форум на жени и како партија предлагаат конкретни мерки и законски решенија за подобрување на животниот стандард на граѓаните, за достоинството на работниците, за еднакви шанси.

„Социјалната правда не е привилегија, туку право на секој човек“, порача претседателката на Форумот на жени на СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен