Комедија е ВМРО-ДПМНЕ да го обвинува СДСМ за скршнување од прозападниот курс

ВМРО-ДПМНЕ во недостаток на идеи и резултати во политиката започна со комични соопштенија да манипулира и извлекува смешни тези, порачуваат од СДСМ. 

Поврзувањето на изјавите на новинарот Ордановски со политиките на СДСМ во однос на прозападниот курс на државата се очаен обид да ги скријат сопствените неуспеси, посочуваат во реакцијата. „Ова е уште една потврда дека освен манипулации, друга политика немаат да понудат“.

Од СДСМ велат дека се единствена партија која во континуитет ги негува прозападните вредности, која го изгради стратешкото партнерство со САД и ги реализираше евроинтегративните аспирации на земјата. „Благодарение на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски може да одат и да се сликаат во НАТО и да глумат партнери на САД, а во опозиција направија се за да ги блокираат овие процеси“. 

Од најголемата опозициска им порачуваат „да се фатат за работа и да покажат конкретни резултати затоа што граѓаните од нив очекуваат работа“.

Зачлени се на нашиот е-билтен