Комисијата за прашања на избори и именувања ќе предложи членови на Програмскиот совет на МРТВ

Во законодавниот дом денеска ќе се одржат 22. и 27. седница на Комисијата за прашања на избори и именувања.

На продолжението на 22. седица на Комисијата на дневен ред се останати Утврдување Предлог – одлука за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Утврдување Предлог за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, Утврдување Предлог – одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври”.

На дневен ред на 27. седница се Утврдување Предлог – одлука за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија и Утврдување Предлог – одлука за именување на членови на Комисијата на Агенцијата за пошти

Зачлени се на нашиот е-билтен