Концерт „Музика и цртан филм“, посветен на најмладата публика

Во организација на Пламенка Трајковска, виолинистка, композитор и членка на Државната филхармонија, како и основачка на музичката организација „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“ денеска во Дајмонд Мол во Скопје ќе се одржи концерт „Музика и цртан филм“, посветен на најмладата публика.

„Цртаните филмови се медиум кој најнепосредно допира до детскиот свет. Во нив има прекрасна музика, често базирана на класични композиции. Нашата цел како камерни состави е да ја доближиме класичната музика до најмладите, а преку познати и сакани теми од цртаните филмови, таа станува блиска и препознатлива“, изјавила Трајковска, се наведува меѓу другото во соопштението од организаторите на концертот.

Според Трајковска, концертите не се само уметничко, туку и образовно искуство.Слушањето класична музика во живо, потенцира таа, е доживување кое не може да се спореди со слушање снимки. Посочува дека децата учат да ги препознаваат инструментите, ритамот и мелодијата, што ги развива нивната емоционална интелигенција, концентрација и креативност

Зачлени се на нашиот е-билтен