Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Конзерваторски центар во Гостивар: Пронајдена е најголемата статуа од овој тип во Македонија

Кај Каја на Равен, во Гостивар, пронејено е статуа, без глава, облечена во тога. Директорот на Конзерваторскиот центар во Гостивар, Цветко Новаковски вели дека статуа со ваква големина од метар ипол, до сега не е пронајдена во Македонија.

„Статуи од овој тип, маж облечен во тога, се пронајдени во Аполонија и Бутринт, Албанија. Тие главно беа поставени на јавни места“, изјави Новаковски.

За жителите на Равен ова не е првпат да пронајдат скапоцени историски предмети. Своето село го нарекуваат „археолошко богатство“. Некои од топонимите на селото се „калето“, „црквата“ и „манастирот“.

„Нашето село има замок, црква и манастир. Обично кога ја ораме земјата, наидуваме на многу стари тули, од поранешно време“, велат мешатаните.

Статуата која сега е во е Конзерваторскиот центар во Гостивар, пронајдена е случајно, при чистење на изворите кај местото Каја на Равен во Гостивар.

Зачлени се на нашиот е-билтен