Косачев: Заканите на Трамп воопшто не влијаат на ставот на Москва

Високиот руски функционер Константин Косачев денеска изјави дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за 100-процентни царини не влијаат на ставот на Москва.

Високиот руски функционер Константин Косачев денеска изјави дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за 100-процентни царини не влијаат на ставот на Москва.

-Тоа воопшто не влијае на нас, рече заменик-претседателот на горниот дом на рускиот парламент.

„Ако тоа е сè што Трамп имаше да каже за Украина денеска, тогаш целиот притисок испари, додаде тој.

Косачев тврди дека Европа сега „ќе мора да плаќа сè повеќе и повеќе“ затоа што „бесплатниот ручек за нив се покажа како стапица“. Тој, исто така, ги обвини САД дека се единствениот вистински победник од новата политика, бидејќи американската воена индустрија има корист.

-Украина може да продолжи да се бори до последниот Украинец, рече Косачев, заклучувајќи: „За 50 дена, колку многу може да се промени – и на бојното поле и во расположението на носителите на одлуки во САД и НАТО“.

Трамп претходно денеска на прес-конференција во Белата куќа со генералниот секретар на НАТО Марк Руте на која најави воена опрема вредна милијарди долари за Украина, ѝ се закани на Русија со нови, високи царини ако не се согласи на договор за прекин на војната во Украина во рок од 50 дена. Трамп рече дека е „многу незадоволен“ од однесувањето на Москва.

-Доколку нема договор, ќе воведеме сериозни секундарни царини – околу 100 проценти, рече Трамп.

Зачлени се на нашиот е-билтен