Косовските власти уапсија две лица во Приштина под обвинение за поттикнување поделби и нетрпеливост, објави Радио-телевизија на Косово.
Според полицискиот билтен, при претрес на домот на осомничените биле запленети електронски уреди и знамиња со натписи на арапски јазик, кои, според полицијата, се поврзани со терористички организации.
Двајцата уапсени се мажи со косовско државјанство и се задржани во притвор со одлука на обвинител.