„Не е точно дека вчера ништо не се случи“, рече Костадиновски синоќа и кажа дека Уставен донел одлука за подготвителна седница во која ќе учествуваат сите експерти.
Костадиновски порача дека политичарите мора да ги тргнат рацете од судството, и рече дека судиите се изложени на закани. Исто така зборуваше дека не се точни наодите дека балансерот бил укинат, и дека правичната застапеност е во Уставот, кој Уставниот суд не може да го менува.
„Непримерна е изјавата на Мицкоски кога кажа кој ги бира судиите, и сега тој што ги бирал можел да има влијание“, рече Костадиновски. Собранието ги бира судиите во еден или друг состав ии тоа не значи дека некој може да влијае врз судиите.“