Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, кој е од редовите на ВМРО-ДПДМНЕ, преку социјалните мрежи ја информираше јавноста дека општинскиот кризен штаб во текот на изминатата вечер бил активен и ја следел состојбата со пожарите кои ја зафатија Скопска Црна Гора, притоа на објавата прикачи фотографија од пожарите во Калифорнија, со која тврдеше дека е од актуелниот пожар.
„До доцна во ноќта општинскиот кризен штаб беше активен и ја следеше состојбата со пожарите кои ја зафатија Скопска Црна Гора. По разговор со командирот на полициската станица и со останатите надлежни институции, Општина Бутел својата механизација ја стави на располагање и спремна за делување. Вчеравечер доброволни екипи од месната заедница Љубанци учествуваа во гаснење и локализирање на пожарите“, напиша Костовски.
Инаку, дел од медиумите веќе објавија дека станува збор за фотографија пред 12 години каде властите во Калифорнија тогаш наредија евакуација на населбата Дос Виентос во Њубери