Ковачки до Борисов: Сликата што ги боли – бидејќи Македонија веќе не клекнува

Откако на социјалните мрежи масовно се споделува сликата на која премиерот Христијан Мицкоски со длабок поклон се поздравува со поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, се јави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Тој ја постираше следнава објава на својот фб профил:

„Да не се лажеме – ова е уште една евтина, намерно исечена и тенденциозно интерпретирана фотографија, направена со јасна цел: да се претстави гест на учтивост како покорност. Но тие времиња завршија. Сликата што ги боли – бидејќи Македонија веќе не клекнува“, напиша Ковачки.

„Кога ќе ја видиме насловната страна од бугарски портал со зборовите „Мицкоски со длабок поклон пред Борисов“, првата мисла е неспорна – колку всушност им недостасува Заев. Да не се лажеме – ова е уште една евтина, намерно исечена и тенденциозно интерпретирана фотографија, направена со јасна цел: да се претстави гест на учтивост како покорност“, пишува Ковачки.

„Но, тие времиња завршија. Нема веќе коленичење, нема поклони, нема откажувања од себе. Македонија никогаш погорда, цврсто чекори напред, работејќи да ги оствари само своите, а не туѓите интереси! Македонија конечно води проактивна, самостојна и проевропска политика – но на македонски начин, со дигнитет. И тоа ги боли! Затоа што по години на слугување, конечно има држава што кажува „не“. И секој пат кога се обидуваат вака ниско да го дискредитираат премиерот, само потврдуваат дека Мицкоски е проблемот за нивниот долгогодишен план на асимилација. Нека си прават монтажи, нека си прават илузии – Македонија ќе оди напред. А тие, како што рековме, ќе си останат тоа што се“, напиша Ковачки на својот фб профил.

Зачлени се на нашиот е-билтен