Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кралот на Шведска, Карл Шеснаесетти Густав доби подарок, кошничка полна со македонски производи

Кралот на Шведска Карл Шеснаесетти Густав, на подарок доби кошничка полна со традицоинални македонски производи од повеќе различни производители. На ауденцијата во кралската палата Дротнингхолм која се наоѓа во центаротна Стокхолм, симболичниот подарокот, лично му го врачил претседателот на Собранието, Африм Гаши. На официјалниот прием во палата изградена во 1600-та година, и која е под заштита на УНЕСКО, беа и пратениците Дафина Стојаноска, Беким Сали и Митко Трајчулески.

Од кабинетот на претседателот на Собранието, преку соопштение информираат дека по предавањето на кошничката полна со македонски производи, Кралот и претседателот Гаши освариле получасовна тет-а-тет средба.

Како што информира собраниската прес-служба, претседателот и пратениците изразиле благодарност за приемот и овозможената средба со неговото височество и нагласиле, дека Кралството Шведска е искрен и високо почитуван поддржувач на Република Северна Македонија, а меѓусебните односи се карактеризираат со висок степен на пријателство, заемно разбирање и поддршка. Собраниската делегација била информирана дека кралот на Шведска досега двапати ја посетил нашата држава и дека имал посебно убави сеќавања од Охрид.

Зачлени се на нашиот е-билтен