Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кржаловски: Пропаднаа адутите на ВМРО-ДПМНЕ, нема нова преговарачка рамка, ниту одложено дејство на уставните измени

Според директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Александар Кржаловски, она што ВМРО-ДПМНЕ го промовираше за време на парламентарните избори во врска со преговорите со Европската Унија, ‘измена на преговарачката рамка’, не се случи.

„Не се дозволи одложено дејство на уставните измени, ниту измена на преговарачката рамка, ниту пак, Бугарија покажа добра воља со, да речеме регистација на некои од здруженијата на етничките Македонци, таму. Тоа беа адутите на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите. Се пробаа трите работи не успеа ништо. И сега е прашањето, очигледно нема што плус многу да се направи, освен да има некоја иницијатива во насока во која се тера, да Европската Унија даде некоја декларација, изјава која нема да биде обврзувачка, а што ќе овозможи да почнат уставните измени кај нас. Претпоставувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе сака барем до локалните избори да не се случи такво нешто, рече Кржаловски, за подкастот на Институтот за медиумска аналитика.

Зачлени се на нашиот е-билтен