Кубилиус: Во Буџетот на ЕУ за 2028-2035 година се предвидени 4,3 трилиони евра за одбрана

Нацрт-буџетот на ЕУ за 2028-2035 година вклучува 4,3 трилиони евра за одбрана, објави денеска еврокомесарот за одбрана Андриус Кубилиус на заедничкиот состанок во Брисел на делегацијата на Европскиот парламент за односи со НАТО и Парламентарното собрание на алијансата.

Тој прецизираше дека Европската комисија ќе го презентира првиот нацрт на следниот повеќегодишен буџет во наредните денови.

Кубилиус истакна дека додека новиот буџет не стапи во сила, земјите од ЕУ ќе имаат дополнителни 800 милијарди евра во следните четири години за трошоци за одбрана. Еврокомесарот истакна дека денес војната во Украина покажува какви ќе бидат битките на иднината и коментираше дека досега европските земји не научиле доволно лекции од промените на бојното поле.

НАТО и ЕУ се деца на Студената војна со задача да го зачуваат мирот, рече Кубилиус. Според него, двете организации работат заедно на дефинирање на нови одбранбени цели, дискутирани на самитот на НАТО во Хаг во јуни. Тој истакна дека повеќето европски земји се дел од алијансата.

Според европскиот комесар, рускиот претседател Владимир Путин најмногу се плаши од успехот на Украина. Русите може да прашаат зошто Украинците се поуспешни, а тоа е закана за рускиот режим, сумираше Кубилиус. 

Зачлени се на нашиот е-билтен