По денешната меѓувладина седница со македонскаткта влада која се одржа во Приштина, премиерот на Косово, Албин Курти, на новинарско прашање за законот за јазиците кој е пред Уставниот суд, рече дека во Македонија никогаш немало закон за употреба на албанскиот јазик и затоа албанскиот јазик не е под закана.
“Кога станува збор за правата на Албанците таму, имаме посебна чувствителност, разбрав дека таму нема закон за албанскиот јазик, во Северна Македонија има закон за македонскиот јазик и кирилицата, но нема закон за албанскиот јазик. Иако оваа недела ќе го одбележиме и Битолскиот конгрес од 1908 година кога е основана азбуката на нашиот убав албански јазик, значи законот за албанскиот јазик не постои. Од друга страна имаме закон за употреба на јазиците. Значи, треба да се обидете да останете 20 проценти, ако паднете под 19 проценти, како повеќе да не постоиш во јазична смисла на зборот, а тоа се формулациите од минатото, кои со закон не го прават албанскиот јазик свој јазик”, рече Курти.
Запрашан за односот кон состојбите во државата на опозициската ДУИ, Курти потенцираше дека политичката ротацја е здрава работа и не треба да се води битка само за функционерките фотељи, туку да се водат битки за идеи.
„Сметам дека ротациите се здрави, колку што знам Демократската унија за интеграција беше на власт 22 години. Од основањето како субјект некаде околу година и половина беше во опозиција. Ротацијата е здрава. Од друга страна јас бев 20 години во опозиција. Сега сум во влада, 4 години ќе навршат следната пролет, но првин ќе имаме нови избори. Мора да се бориме со идеи за граѓаните и за Албанците. Мислам дека не треба да се бориме за власт. Нека победат идеите, посветеноста, патриотизмот, чесноста. Ова треба да биде победата. Но, ротациите се неизбежни. Ние сме една нација, Албанците каде и да се, имаме еден идентитет и еден јазик, но не можеме да имаме една политичка партија“, рече Курти на заедничката прес конференција со македонскиот премиер, Христијан Мицкоски.