Премиерот на земјата Албин Курти изјави дека не верува оти меѓуетничките разлики можат да предизвикаат повеќе конфликти на Западен Балкан.
„Не верувам дека меѓуетничките разлики предизвикуваат конфликт. Можеби има желби, но не верувам дека има повеќе воспоставени ставови како што беа во 90-тите, поттикнати од Белград“, рече Курти.
Запрашан за Законот за употреба на јазиците во Северна Македонија, Курти рече дека тоа е работа на Уставниот суд.
„Ова е случај на Уставниот суд во Северна Македонија. Има три одредби кои не се спроведуваа во изминатиот период и тоа треба да го оцени Уставниот суд. Таму треба да чекаме правична одлука на Уставниот суд. Во Северна Македонија не може да се каже дека албанскиот јазик бил официјален и сега е загрозен. Тоа не е точно“, рече Курти.