Претседателката на Европска комисија и претседателот на Европски совет, Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта му честитаа на Фридрих Мерц за неговиот избор за германски канцелар.
– Мерц е познавач на Европа. Заедно ќе работиме за една силна и поконкурентна Европа, наведе Лајен.
Додека Кошта посочи дека со нетрпение ја очекува соработката со Мерц на „поамбициозна заедничка европска програма“.
Германија е најголема економија во Европска Унија.