Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лансет: Вистинскиот број на убиени Палестинци е многу поголем

Научното списание „Лансет“ објави дека бројот на загинати меѓу Палестинците во војната меѓу Израел и Хамас во првите девет месеци од војната веројатно бил потценет за околу 40 отсто, бидејќи е урнисана здравствената инфраструктура на Појасот Газа.

Проценките на академиците од Лондонската школа за хигиена и медицина, Универзитетот Јеил и други институции укажуваат на 64.260 смртни случаи од трауматски повреди помеѓу октомври 2023 година и крајот на јуни 2024 година, што е за околу 41 отсто повисока од официјалната бројка на палестинското Министерство за здравство.

Во истражувањето се наведува дека 59,1 отсто од жртвите се жени, деца и луѓе на возраст над 65 години, но не е дадена проценка за бројот на загинати мажи.

Според палестинските власти, повеќе од 46.000 луѓе загинаа во војната во Газа, која пред војната имаше околу 2,1 милион жители.

Истражувањето регистрира дека капацитетот на палестинското Министерство за здравство да одржува електронска евиденција за смртните случаи претходно бил веродостоен, но дека опадна за време на израелската воена кампања, која вклучуваше напади врз болници и други здравствени установи, како и прекини во дигиталните комуникации.

Израел го обвини Хамас дека болниците во Појасот Газа ги користи како покритие за своите операции, што милитантната група го негира.

Зачлени се на нашиот е-билтен