Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лекари од Македонија учествувале во спасување на повредените во Магдебург

Амбасадата на Северна Македонија во Германија сподели дека двајца македонски лекари учествувале во лечење на повредените од синоќешниот напад на Божиќниот пазар во Магдебург.

Лекарите Златко Станковски од Прилеп и Владимир Митевски од Радовиш како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург дале придонес во спасувањетео и лекувањето на повредените.

Во синоќешниот напад во Магдебург, човек со црн автомобил влета во граѓаните кои уживаа на Божиќниот пазар, при што пет лица го загубија животот, а над 200 беа повредени.

Најмладата жртва, според германските власти, има девет години, а останатите четири се возрасни лица.

Зачлени се на нашиот е-билтен