Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лицата на Груби и на Бајрами осамнаа на веб страната на МВР, во делот за „потраги“

  • imgАРТАН ГРУБИ МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА

    АРТАН ГРУБИ татко Сакип мајка Зухра род.07.06.1977 год. во Скопје каде и живее на ул.Струмичка бр.5/2-4,Чаир. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО Скопје со Наредба бр.XVII KO бр.4232/24 од 17.12.2024 год. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ на РСМ.  
  • imgПЕРПАРИМ БАЈРАМИ МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА

    ПЕРПАРИМ БАЈРАМИ татко Фатмир мајка Хасибе род.10.02.1993 год. во Куманово, а живее во с.Ваксинце бб, општина Липково. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО Скопје со Наредба бр.XVII KO бр.4232/24 од 17.12.2024 год. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в. ст.1 в.в. чл.22.од КЗ на РСМ.

Во соопшението на Основното јавно обвинителство, објавено пред два дена пишува:

„Од прибраните докази произлегува основано сомнение дека двајцата соизвршители, како одговорни лица во АД Друштво за приредување игри на среќа ‘Државна лотарија’ на РСМ, во текот на 2023 година, преку вршење на своите посебни овластувања и должности, заедно учествувале во дејствија на извршување на штета на акционерското друштво со намера да прибават противправна имотна корист за друг која се проценува на значителен износ од 501 319 119 денари од буџетот на акционерското друштво“, наведува ОЈО Скопје во соопштението.

Првоосомничениот во случајот делото го сторил во својство на претседател на Управниот одбор – генерален директор на „Државна лотарија”. Второосомничениот во случајот, пак, презел дејствија во својство на одговорно лице – претседавач со седница на Владата одржана во својство на собрание на АД „Државна лотарија“.

Зачлени се на нашиот е-билтен